Ристовски со две асистенции придонесе за триумфот на Динамо над Салцбург
- Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент при двата гола за Динамо Загреб во синоќешната гостинска победа над Салцбург со 2:0.

Салцбург, 24 октомври 2024 (МИА) – Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент при двата гола за Динамо Загреб во синоќешната гостинска победа над Салцбург со 2:0.
Ова беше дуел од 3. коло во Лигата на шампионите.
Хрватскиот тим поведе во 49. минута со голот на Сандро Куленовиќ, а победата ја потврди Бруно Петковиќ во 84. минута.
За Динамо во почетниот состав беше уште еден поранешен македонски репрезентативец – Аријан Адеми кој одигра 59 минути.
Од 66.минута Динамо играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на домашниот голман Александер Шлагер кој играше со рака надвор од шеснаесетникот. зс/
Фото: ЕПА