• сабота, 23 ноември 2024

Ристовски од Карпош: Јакимовски е еден од најхрабрите политичари, човек со јасен и прецизен став, без калкулации за себе

Ристовски од Карпош: Јакимовски е еден од најхрабрите политичари, човек со јасен и прецизен став, без калкулации за себе

Скопје, 20 април 2024
 
 
Почитувани,

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на митингот во Карпош повика на масовна излезност во среда кога се гласа на првиот круг од претседателските избори и да се даде гласот „за разумот на политичката сцена“, односно за кандидатот на коалицијата, Стевчо Јакимовски.

„Извонреден кандидат за претседател  Стевчо Јакимовски кој е  еден од најхрабрите политичари кој  што сме го имале во изминативе 32 години, човек кој умее да изнесе,  јасен, експлицитен и прецизен став на јавна сцена без да калкулира за себе и за ништо што е надвор од она што е визија и иднина за Македонија и за македонскиот народ. Ако најдеме човек со вредност, со храброст и љубов за својот народ македонски, чувајте го како бисер во дланката“, рече претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски, на митингот во  Карпош.

„Храбоста е одлика која што владее. Храбрите Илинденци пред стотина години излегоа од својата зона на комфор, земаа оружје во рака и оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот народ. Трага која што не прави горди денес, кога што треба да ја пренесеме како аманет дека имало бројни храбри Македонци кои со срце гинеле за македонскито народ за својата држава“, рече Ристовски.
„Исто така и во Втората светска војна се појавија бројни храбри Македонци кои земаа оружје и застанаа на вистинската страна. Антифашистичкиот отпор беше победник. Тие храбри горди Македонци се изборија за државотворност на македонскиот народ и за своја сопствена држава. Денес ние сме генерацијата која што мора да ја сочува таа државотворност на македонскиот народ, затоа во среда  и на 8 мај изберете храброст“, посочи Ристовски.

Тој кажа дека сега е историскиот момент кога не смее никој да направи грешка ниту на 24 април ниту на 8 мај.

„Ова се многу сериозни времиња, со нашиот глас ќе ја определиме иднината на Република Македонија, ќе ја определите вашата сопствена иднина и на вашите деца. Немојте да погрешите секоја грешка скапо ќе ја платиме во периодот пред нас.  Верувам во вашата одлука, зошто знам дека вие сте храбрите Македонци“, порача претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски.

Коалицијата „Храбро за Македонија“

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан