Рим без смртни случаи од Ковид-19 во последните 48 часа
- Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број на починати од коронавирусот во Европа.
![Рим без смртни случаи од Ковид-19 во последните 48 часа](https://mia.mk/index.php/images/20221103191009_big_730x400_43.webp )
Рим, 26 април 2020 (МИА) – Во Рим во последните 48 часа не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, соопштено е денеска во главниот град на Италија, земјата со најголем број на починати од коронавирусот во Европа.
Регионалните здравствени власти на прес конференција соопштија дека во Рим е „стабилен трендот“ со бројот на новозаразени на дневно ниво и оти е под 100.
Во Италија од Ковид-19 досега починале повеќе од 26.000 луѓе. јт/