Рики Рубио: Светот треба да запре поради Газа
- Трофејниот кошаркар Рики Рубио изјави во пресрет на почетокот на новата сезона во шпанското првенство дека „светот треба да запре“ поради убивањето деца во Појасот Газа.
Мадрид, 26 септември 2025 (МИА) – Трофејниот кошаркар Рики Рубио изјави во пресрет на почетокот на новата сезона во шпанското првенство дека „светот треба да запре“ поради убивањето деца во Појасот Газа.
„Мораме да бидеме свесни и чувствителни кон овие луѓе кои страдаат“, рече 34-годишниот Каталонец во четвртокот, на отворениот ден за медиуми.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали израелските клубови треба да бидат исклучени од европските натпреварувања, кошаркарот на Хувентуд рече: „Она што се случува е многу повеќе од прашање за еден кошаркарски тим. Станува збор за деца кои умираат. Тешко ми е да разберам дека продолжуваме да живееме нормално додека се случуваат вакви работи. Светот треба да запре“.
Хувентуд треба да игра против израелски Хапоел Холон во Лигата на шампиони, додека во Шпанија се најавени протести против настапите на израелските клубови откако во извештајот на Обединетите нации се вели дека Израел врши геноцид врз Палестинците.
„Ние како народ можеме да го кренеме гласот, но ако оние одозгора не се заложат … Оние на власт треба да се позиционираат за да ни помогнат. Секој од нас треба да го додаде своето зрно песок“, додаде Рубио, кој во кариерата освои една светска и две европски титули со Шпанија. ег
ФОТО: ЕПА