• петок, 05 декември 2025

Рибакина без поголеми проблеми ја совлада првата светска тенисерка Сабаленка

Рибакина без поголеми проблеми ја совлада првата светска тенисерка Сабаленка

Синсинати, 15.август 2025 (МИА) - Руската тенисерка која игра под знамето на Казакстан Елена Рибакина ја надигра првата светска тенисерка Арина Сабаленка. Таа во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати на противничката и препушти само пет гема и мечот го доби во два сета 2:0 (6:1 и 6:4).

Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде Ига Швјонтек од Полска која со истиот резултат 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) ја совлада Ана Калинскаја од Русија.

Во другите два четвртфинални меча ќе играат: Варвара Грачева (Франција) - Вероника Кудерметова (Русија) и Јасмин Паолини (Италија) - Коко Гоф (САД).  

Победничките ќе го формираат вториот полуфинале пар.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан