Рејндерс: Сè уште не сум потпишал нов договор со Милан, но блиску сум до такво нешто
- Фудбалерот од средниот ред на Милан, Тијани Рејндерс го сподели своето мислење за можното продолжување на договорот.

Милано, 3 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Милан, Тијани Рејндерс го сподели своето мислење за можното продолжување на договорот.
- Подготвен сум да потпишам нов договор со Милан и пресреќен сум! Ова е огромен клуб и продолжувањето на договорот по само една сезона значи многу. Сè уште немам потпишано договор, но блиску сум до такво нешто, изјави Рејндерс за италијанските медиуми.
Оваа сезона 26-годишниот Холанѓанец одигра 17 натпревари, постигна шест гола и три асистенции. Неговиот актуелен договор е со важност до летото 2028 година. зс/
Фото: ЕПА