• вторник, 24 декември 2024

Решенија за ефикасна јавна управа на регионалната Конференција за модернизација на администрацијата

Решенија за ефикасна јавна управа на регионалната Конференција за модернизација на администрацијата
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Јавните администрации во регионот стануваат пофлексибилни, а државните службеници, преку процесот на дигитализација, стануваат носители на промените што водат кон модернизација на јавната администрација. Размената на знаења, идеи и искуства меѓу јавните администрации во регионот има важна улога во решавањето проблеми. Овие се дел од заклучоците од дводневната Регионална конференција за модернизација на јавната администрација во Белград. - Верувам дека во текот на двата дена на конференцијата, јасно беа разгледани некои од клучните теми и недоумици со кои вработените во јавната администрација често се среќаваат. Живееме во ера на незапирливи и брзи промени кои бараат брза акција, и мило ми е што слушам од разни експерти од Србија и регионот како сите ние можеме да одговориме на предизвиците што доаѓаат во модернизацијата на јавната администрација и изнаоѓање начини да се направи системот поефикасен и уште повеќе во служба на граѓаните, потенцираше Дејан Ракетиќ, помошник директор на Националната академија за јавна администрација на затворањето на конференцијата. Во текот на двата дена на конференцијата, повеќе од 400 учесници од Србија и регионот имаа можност да слушнат од високи претставници на владите на Србија, Северна Македонија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, како и експерти од Европската унија и Обединетото Кралство нивни искуства при справување со разни предизвици какои примери и добри практики во областа на комуникација и обезбедување дигитални услуги. Конференцијата се реализираше во рамки на проектот „Обука за државни служби за 21 век во Република Србија“, имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Националната академија за јавна администрација, со поддршка на Шведската интернационала Агенција за развојна соработка (СИДА).фф/лв/

Остани поврзан