• сабота, 23 ноември 2024

Речиси еден тон експлозив откриен во Данска

Речиси еден тон експлозив откриен во Данска

Копенхаген, 2 јули 2024 (МИА) - Данската полиција денеска соопшти дека на местото на смртта на 52-годишен маж кај Корсор, на околу 100 километри западно од Копенхаген, пронашла речиси еден тон експлозиви и хемикалии.

Во текот на претходната ноќ, полицијата евакуираше околу 100 луѓе кои живеат во радиус од 500 метри околу местото на несреќата со цел да се отстрани „големо количество експлозивни материи и хемикалии“, се вели во соопштението.

-Тоа не беше неколку килограми, туку речиси еден тон, додаваат од полицијата.

Полицијата претходно соопшти дека 52-годишен маж загинал во понеделникот во „силна експлозија“ што се случила „случајно“, а денеска полицијата не ги прецизираше точните причини за експлозијата.

Се претпоставува дека повредениот најверојатно изработувал пиротехнички средства за огномет.

Евакуираните жители треба да можат да се вратат во своите домови во текот на денот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан