• среда, 27 ноември 2024

Реформскиот процес за правосудството во фокусот на средбата Адеми - Филков

Реформскиот процес за правосудството во фокусот на средбата Адеми - Филков

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми и министерот за правда, Игор Филков, остварија протоколарна средба.

На средбата, како што соопшти Врховниот суд, се дискутирало за повеќе прашања од областа на правосудството, со посебен акцент на спроведувањето на реформскиот процес, примената на законите и подзаконските акти и потребата од измени на нормативните решенија во согласност со заложбите за унапредување на правосудниот систем.

Адеми истакнала дека Врховниот суд на Република Северна Македонија во континуитет презема активности за унапредување на ефикасноста, транспарентноста, јавната доверба, примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права и унапредувањето на судската практика.

Филков ги нагласил реформските чекори насочени кон градење на транспарентен и ефикасен правосуден систем и интензивните активности кои се преземаат на тој план.

Во таа насока, на средбата се истакнало значењето од взаемната соработка во спроведувањето на реформскиот процес согласно стратешките определби на државата и принципите на владеењето на правото. дма/нд/

Фото: Врховен суд

Остани поврзан