• сабота, 16 ноември 2024

Реформа на образованието, но само со широка дебата, смета Пендаровски

Реформа на образованието, но само со широка дебата, смета Пендаровски
Скопје, 18 декември 2020 (МИА) – Образованието треба да се трансофмира, во склад со новото време и новите технологии, меѓутоа промените секаде во светот се прават бавно. Потребна е широка дебата за промени во образованието, а не препишано решение, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5. Во однос на најавата, Пендаровски рече дека и него го изненадило тоа, но сепак го смирил фактот дека станува збор само за иницијален концепт за размислување, а не за готова работа. - Треба многу дебати меѓу стручни лица, многу филтрирања за да дојдеме до најдоброто решение. Само голото копирање на нечие, нека е фински или американски модел, овде тоа ќе биде криво насадено, зошто ние имаме и локални специфики. Слично, направивме и со Болоњскиот систем, кој го земавме препишано и овде не не функционира, ниту налик на тоа што е во Италија и Германија, изјави Пендаровски. Мора да помине време, нагласи тој, и мора да бидат вклучени и наставници, професори, стручната јавноста и експертите и сето тоа да оди во неколку фази. - Станува збор за најбитниот сегмент во секоја држава. Образованието и тие сега што влегуваат во тој циклус од прво одделение, практично тие треба да ја тераат напред оваа земја и ако ги осакатиме со нешто препишано. Нема смисла да упропастиме многу генерации, недоразбрано, изјави Пендаровски. Во однос ваквата најава во време на сите случувања со Бугарија, Пендаровски, рече дека веројатно станува само збор за лош тајминг од страна на Министерството и дека сигурно е грешка на пи-арот. аа/нд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан