• сабота, 28 декември 2024

„РЕфлексии“ - Промоција на нова колекција на „Капка“ во Лаб дизајн маркет

„РЕфлексии“ - Промоција на нова колекција на „Капка“ во Лаб дизајн маркет

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Во изложбениот салон „Лаб дизајн маркет“ денеска ќе биде промовирана новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка“, зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска.

-Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии“ има повеќекратни значења - врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични, изјави Јана Ацевска.

Организаторите на настанот ги покануваат посетителите да ја погледнат одблиску колекцијата и да ги поддржат локалните дизајнери и занаетчии и нивната работа.

-Една од главните причини за постоењето на „Лаб дизајн маркет“ е поддршката на дизајнерите кои ги ревитализираат и сочувуваат македонските традиционални занаети, давајќи им нова современа форма. Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет, соопштија организаторите.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.бт/лв/

Фото: „Лаб дизајн маркет“

Остани поврзан