• среда, 25 декември 2024

Мицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена

Мицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го доби мандатот за состав на влада од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што и официјално почна да тече рокот за нејзино формирање. 

- При конституирањето на Собранието претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право, основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас за својата програма и составот на владата. Затоа чест и задоволство ми е со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Во обраќањето по примањето на мандатот Мицкоски најави дека набргу ќе биде составена новата реформска влада со основна цел да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, за, како што вели, да не тонеме како општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава.

null

Тој не сакаше да открива имиња на идните министри и потенцираше дека со добивање на мандатот, почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските консултации околу предлозите за членови на Владата. Негови очекувања се дека новата влада ќе биде формирана пред рокот. 

-Реализирањето и гласањето во рамките на Парламентот може да биде уште утре, бидејќи ако гладаме како што е вака структуирана владата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратенник. Формално ние можеме да ја избереме новата влада уште утре. Имајќи ги во предвид разговорите коишто привршија, коалицијата која што е направена тогаш можам да кажам дека наш предизвик е да имаме мнозинство коешто ќе има поддршка од две третини во Парламентот, рече Мицкоски.

Формално гледано, додаде, владината коалиција имае 78 пратеници од кои ВМРО - ДПМНЕ има 55, двајца се од СПМ и еден од Демократската партија на Србите.

- Но, ако гледаме како поширока коалиција и во тој контекст тогаш имаме 78. А јас ви велам дека имаме повеќе од 80, одговори Мицкоски. 

Мандатарот рече дека тоа мнозинство е потребно поради тоа што планираат реструктуирање на владата поврзана со програмата на ВМРО - ДПМНЕ „Платформа 1198“, силен реформски циклус, посебно во борбата против криминалот и корупцијата, придвижување на работите во економијата со реформи и силен инвестициски циклус, при тоа нагласи дека владеењето на правото ќе биде нивна основна водилка, нешто кое што, рече, изостануваше овие седум години.

null

-Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, порача Мицкоски.

Мандатарот за состав на нова влада, на новинарско прашање истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти тоа е неговиот принцип и во однос на Преспанскиот договор, кој, како што рече е дел од правниот систем, но и напомена дека очекува градење добрососедски односи, кои доликуваат на 21. век. Повика „наместо да се става акцент на неговото човеково загарантирано право за употреба на името Македонија, да се стави фокус на подлабока анализа за тоа што Грција исполнила од Договорот“.

Откако и формално ќе стане дел од институциите, најави преземање дипломатска активност за, како што вели, да ги аргументираат и одбранат позициите во однос на Преспанскиот договор, но нагласи, дека нема да водат провокативна офанзивна политика, да преименуваат автопати, аеородроми, да градат споменици, туку ќе градат мостови, поцврста економија и меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата.

Прашан во врска со вчерашниот повик од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, оти во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, Мицкоски повтори дека нема намера да се однесува талибански, но оти и не очекува некој друг да се однесува на тој начин, и дека е добро да се аргументираат позициите пред Самитот.

null

-Како човек, којшто ќе ја предводи владата, обврзан сум да ги почитувам Уставот и законите. И тука ниту некогаш сум имал дилема, ниту пак пак ќе имам се додека овие закони и овој Устав вакви какви што се, се на сила. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав. И тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, но не можете вие да барате да се почитуваат законите и Уставот, а од друга страна вие да ги кршите. Но исто така очекувам да градиме добрососедски односи, на принципиелна, конструктивна основа, добрососедски односи коишто доликуваат на 21 век. Немам намера условно кажано талибански да се однесувам ниту пак очекувам некој талибански да се однесува. Моето човекoво загарантирано право е право коешто е над сите права. И тука немам никаква дилема. Како претседател на владата се што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирака и нормално како лојален граѓанин на оваа држава, што всушност сум го правел и во минатото без исклучок, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека тие се придржуваат кон ерга омнес во однос на името, но и упати дека е потребно да се направи подлабинска анализа за тоа што од страна на Грција е исполнето од Преспанскиот договор.  

-Па ерга омнес ние го користиме. Членот седум од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни. Што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија и македонски, членот 1 од истиот Договор. Јас повторно би сакал да ги замолам медиумите овде во Македонија малку повеќе да посветат внимание на анализа на тоа што нашиот јужен сосед има исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирано право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, името на мојата татковина во која што јас сум се родил и придавката македонски. Ајде да видиме што тие направија овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото. Што требаше ние да добиеме кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети. Што се случуваше кога се менуваше Уставот, еднаш по Охридскиот рамковен договор, вторпат поради тој договор, третпат кога се ставаа пратеници во притвор, кога се вадеа ден спроти гласањето за уставните измени кога се менуваше уставното име. Ајде да зборуваме во поширок контекст, изјави мандатарот.

Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на Договорот од Преспа, кој го отвори патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, изјави денеска на прес-ко

За тоа дали можеби ќе испрати протестна нота до Атина поради непочитување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека во моментов не се внатре во институциите, но откако ќе влезат ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат нивните позиции.

Во врска со написите за ДУИ и дека имало понуда да влезат во Владата, Мицкоски рече дека ги гледа етноцентристичките изјави на некој од официјалните лица на ДУИ и дека можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во земјава. Ако продолжат така, додаде тој, многу скоро вистината ќе излезе на виделина. 

- Ги гледам етноцентристичките изјави коишто доаѓаат од некој од официјалние лица на ДУИ. Можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во Македонија со тоа што овие преговори за формирање на идната влада и институциите ќе бидат сведени на прашање колку добиле Албанците, Македонците, Србите, Власите и останатите. Ја следам внимателно оваа игра, многу опасна игра на поединци коишто опасно играа изминативе седум години. И ако така ќе продолжат, многу скоро од денеска вистината ќе излезе на виделина, рече Мицкоски.

Во однос на преговорите со Вреди и ЗНАМ, кажа дека тој не би сакал овие преговори да бидат бројки, и да се гледа нумерички на нив, туку, вели, сака тоа да биде процес којшто ќе додаде вредност, процес на квалитетни решенија и одлуки и смета дека е таков.

Градоначалникот на Општина Чаир и член во работната група за преговорите за новата влада од коалицијата „Влен“, Висар Ганиу вчера  нагласи дека преговорите поминале во  одлична работна атмосфера и потврди дека Секретаријатот за европски прашања прераснува во Министерство за европски прашања.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

-Можам да констатирам и да потврдам дека преговорите поминаа во одлична работна атмосфера. Имавме напорни денови, бидејќи за се што требаше да дискутираме дискутиравме и на маса беа сите аргументи. Завршивме еден циклус што е битен за нас. Во овој момент можам да потврдам дека СЕП прераснува и поминува во Министерство, рече градоначалникот на почнувањето на изградбата на затворен школски базен во Чаир.

Ганиу нагласи дека остануваат на тоа што уште на почеток на преговорите кажале дека тие како преговарачки тим ќе одржат прес-конференција и ќе биде известена јавоста како се распределени директорските места во идната влада. 

На прашањето дали ќе припаѓаат на „Вреди“ директорските места во Македонски пошти, МЕПСО, Дирекцијата за странски инвестиции, Фонд за здравствено осигурување и Управата за финансиско разузнавање, Ганиу повтори дека во овој момент не може да сподели оти како што рече, тоа би било некоректно кон неговите колеги.

-Не сакам да излезам од тој рамковен договор што го направивме ние меѓу нас „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум еден од преговарачкиот тим, но би сакал сите информации да ги споделиме сите заедно кога ќе бидеме готови, рече Ганиу.

Согласно уставните одредби, мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со поддршка од најмалку 61 глас во 120-члениот Парламент. вг/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан