• петок, 30 август 2024

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата.

 

Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови 70 компании и сега снабдува преку 370 стопански субјекти, кои се економскиот двигател на македонското општество и кои преку РЕС ќе трошат околу 600 GWh електрична енергија годишно.

 

РЕС продолжува да креира понуди за снабдување според потребите на клиентите, а како огромна предност клиентите ја истакнуваат можноста снабдувањето да биде од обновливи извори на  енергија, со што се заштитува животната средина и се обезбедува одржливост и стабилност во снабдувањето. Ова е особено важно затоа што зелената енергија е значаен чинител за извозно ориентираните фирми, каде на странските пазари како важен фактор се зема изворот на електричната енергија која имала удел во производството.

 

 

Department fot Public Affairs, Media Relations, Marketing and Protocol

Fero Invest DOO Skopje

Boulevard Kliment Ohridski 30

Skopje Republic of North Macedonia

 

E-mail: press@feroinvest.mk

Phone: +389 2 5514 000

Mob: +389 75 402 786

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан