Репрезентативката Кметовска нова кошаркарка на Баскет Кам
- Најмладиот женски прволигашки клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица започна да го гради тимот за новата сезона. Јордан Цветанов кој го предводи тимот информира дека екипата во својата т
Македонска Каменица, 27 јуни 2020 (МИА) - Најмладиот женски прволигашки клуб, ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица започна да го гради тимот за новата сезона. Јордан Цветанов кој го предводи тимот информира дека екипата во својата трета сезона од прволигашкото друштво ќе влезе со високи амбиции.
- Прво засилување за реализирање на амбициите на Баскет Кам е ангажирањето на македонската репрезентативка Ивана Кметовска која игра на центарската позиција. Таа доаѓа од екипата на скопски Бадел, а претходно има играно во Шпанија за Кесос ел Пастор, во Турција за Јалова и во САД како дел од универзитетот Вашингтон, информира Цветановски.
Во следниот период тој најавува уште неколку квалитетни засилувања во екипата.
- За да имаме што поконкурентен тим, навестуваме и други слични засилувања се со цел љубителите на кошарката во нашиот град да бидат во можност да следат квалитетни прволигашки натпревари, додаде Цветанов.
Баскет Кам до прекинот на првенството поради здравствената пандемија освои 27 бодови со што се најде на високото трето место на првенствената табела. вс/зс/