• петок, 05 декември 2025

Репрезентативецот Ѓорги Ѓоргиев нов одбојкар на француски Поатје

Репрезентативецот Ѓорги Ѓоргиев нов одбојкар на француски Поатје

 

Поатје, 15 септември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев ќе ја продолжи кариерата во редовите на Поатје, објави вечерва францускиот прволигаш.

Во објавата на социјалните мрежи се наведува дека во редовите на Поатје доаѓа искусен македонски одбојкар со меѓународно искуство од настапи во Турција, Франција и Полска.

Триесетитригодишниот Ѓорги Ѓоргиев минатата сезона настапуваше за турски Пазарџик и полска Варта, а Поатје ќе биде втор француски клуб во неговата кариера, откако од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Париз. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан