„Репортери без граници“ бараат истрага за убиствата на двајца новинари во Сирија
- Меѓународната организација „Репортери без граници“ повика на независна истрага за убиствата на двајца новинари во Сирија, пренесува ДПА.
Дамаск, 6 декември 2024 (МИА) - Меѓународната организација „Репортери без граници“ повика на независна истрага за убиствата на двајца новинари во Сирија, пренесува ДПА.
Извршната директорка на организацијата Ања Остерхаус истакна дека убиството на медиумски работници претставува воено злосторство и дека ваквите дела не смеат да останат неказнети.
Фотографот на ДПА, Анас Алкарбутли, загина во средата при воздушен напад наводно извршен од сириско-рускиот воен сојуз. Пред смртта, 32-годишниот новинар известувал за конфликтот помеѓу бунтовниците и владините сили во Сирија.
Четири дена претходно, на 30 ноември, беше убиен и новинарот на турската државна телевизија ТРТ, Мустафа ал Курди, кога про-владините сили отворија оган врз возилото во кое се наоѓал.
„Репортери без граници“ нагласуваат дека воените новинари се најизложени на опасности и дека меѓународната заедница мора да преземе мерки за нивна заштита. ссм/
фото: архива