• среда, 20 ноември 2024

„Рено 4“ се враќа

„Рено 4“ се враќа

Париз, 16 октомври 2024 (МИА) - Легендарната „Рено четворка“ се враќа, и тоа во облик на трендовски електричен кросовер-теренец. Овој модел не е наменет за рушење рекорди на продажба. Заснован е на концептот „4евер трофи“, но со дури 68 насто земени делови од „Рено 5“, но 600 милиметри подолг (вкупно 4.140 мм), како и малку повеќе ширина и висина, наведува „Индекс“.

По повеќе од 8,1 милион продадени примероци и повеќе од 30 години пауза, „Рено“ го враќа култниот модел, но со ЛЕД-диоди, поголеми бандажи, повеќе пластика и многу други подробности на современите автомобили.

Зголемувањето на димензиите значи и поголем простор. Поголем е и багажникот со 420 литри во основната конфигурација, но го нема најпрепознатливиот детаљ од оригиналот - менувачот „Шераизл“. Наместо тоа, новиот менувач е поставен на воланот. Контролната табла е 10,1-инчна дигитална табла со инструменти и стандардниот 10-инчен екран на допир од „Рено 5 Е-тек“.

Постојат бројни можности за индивидуализација, па само говорејќи за боите на покривот - ги има 670. Послабиот електричен мотор произведува 122 коњски сили, а со основната батерија од 40 киловат-часови, нуди самоуправување од 300 км. Ако се избере помоќен мотор од 150 КС, со него оди батерија од 52 кВ/ч. и самоуправување од 402 км. Моќта на полнење е 80 кВ за помалата и 100 кВ за поголемата батерија.

Помоќна опција значи 100 км/ч за 8,5 секунди, максимални 150 км/ч и носивост од 750 кг.

Неофицијалните информации говорат за почетна цена од 25.000 евра. Инаку, во понудите се спомнува и концептот „Фл4уер пауер“ инспириран од моделот „Рено 4 Сафари“.  си/

Фото: „Рено“

Остани поврзан