• четврток, 12 март 2026

Рено го претстави концептот на новиот спортски автомобил „Бриџер“- во продажба до крајот на 2027 година

Рено го претстави концептот на новиот спортски автомобил „Бриџер“- во продажба до крајот на 2027 година

Париз, 11 март 2026 (МИА) - Рено развива нов компактен кросовер под четири метри, а концептот „Бриџер“ ја покажува визијата за дизајнот и функционалноста на идниот автомобил.

Концептот има необични пропорции за „B-SUV“ класата – клиренс од 200 мм и 18-инчни тркала, што му дава изглед на мал, но моќен градски автомобил.

Предниот дел е аглест и впечатлив, со тесни предни светла, а на задниот дел е сместено резервното тркало на вратата на багажникот, карактеристика ретко видена кај градските кросовери.

Внатрешноста е пространа, со околу 200 мм простор за колена на задното седиште и багажник од 400 литри.

Концептот е развиен на модуларната РГМП платформа на Рено, со опции за бензински, хибридни и целосно електрични погонски склопови.

Во продажба се очекува да биде до крајот на 2027 година. Најпрво во Индија, а потоа и во другите држави. „Бриџер“ ја нагласува посветеноста на компанијата, за иновации, практичност и современ дизајн за компактни спортски модели. мв/сд/

Фото: Јутјуб - принтскрин

 

 

 

Остани поврзан