• понеделник, 23 декември 2024

Реновирање на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МРТВ

Реновирање на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МРТВ

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  извршил увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МРТВ.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, проектот за реновирање на овие простории започнал неодамна, „откако целосно беа надминати гужвите кои беа предизвикани со промената на личните документи заради промена на уставното име, а со цел модернизација и креирање побрзи и поефикасни услуги за граѓаните“.

-Претходното раководство планирало да ја започне реконструцијата оваа година во февруари во ек на најголемите гужви за промена на документите. Можете да замислите што тогаш ќе се случеше ако се реализирало тоа. Со оваа реконструкција која треба да заврши за шест месеци ќе добиеме речиси двоен капацитет на управните служби на МВР кои ќе понудат побрзи и поефикасни услуги за нашите граѓани. Градиме поефикасна администрација која ќе биде целосно во служба на потребите на граѓаните, истакнал Тошковски.

Министерот напоменал дека додека трае реконструкцијата воопшто не е намален капацитетот на издавање лични документи и останати услуги кон граѓаните и дека тие во најголем дел се извршуваат во пунктот до полициската станица „Пролет“. хс/лв/

Фото: МВР 

 

Остани поврзан