Ремзи: Играчите на Јувентус повеќе се забавуваат под водство на Пирло
- Фудбалерот за врска на Јувентус, Арон Ремзи зборуваше за тоа како се смени тимската работа по замената на Маурицио Сари со Андреа Пирло како главен тренер.

Торино, 24 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Јувентус, Арон Ремзи зборуваше за тоа како се смени тимската работа по замената на Маурицио Сари со Андреа Пирло како главен тренер.
- Имаме нов тренер, нов стручен штаб, нови идеи, а играчите се исклучително вклучени во сè што се случува. Мислам дека се забавуваме повеќе од минатата година. Обуката е напорна, но атмосферата е повесела. Добро ја започнавме сезоната, но треба да бидеме подобри. Во тимот има многу одлични играчи, и секој е во можност да му помогне на тимот да ги постигне своите цели. Драго ми е што имам можност да играм со толку вешти напаѓачи, изјави Ремзи.
- Интер е одличен тим кој има потпишано многу играчи. Ова е еден од фаворитите за трката во шампионатот. Наполи е исто така многу силен. Милан успешно ја заврши минатата сезона и започна нова во истиот дух. Серија А е многу тешка лига, додаде Ремзи за „Скај Спорт Италија“. зс/