• понеделник, 23 декември 2024

Релево: Реал сака да го награди Винисиус со нов договор

Релево: Реал сака да го награди Винисиус со нов договор

Мадрид, 31 октомври 2024 (МИА) - Реал Мадрид веќе работи на нов договор за Винисиус Жуниор.

Според шпанскиот спортски портал „Релево“, мадридскиот клуб иницирал контакти со застапниците на 24-годишниот крилен напаѓач на бразилската репрезентација пред неколку месеци со цел да се разговара за продолжување на договорот.

Реал гледа дека Винисиус е способен да биде клучен играч во тимот, дека носи резултати, вклучително и во Лигата на шампионите, па клубот сака да го награди својот играч со нов договор.

„Кралевите“ имаат уште две цели. Сакаат да се заштитат од можни купувачи, вклучително и клуб од Саудиска Арабија, а исто така јасно му ставаат до знаење на Бразилецот дека со доаѓањето на Килијан Мбапе нема да потпадне во втор план.

Сепак, во моментов ситуацијата не напредува. Винисиус го послуша предлогот и му се заблагодари на клубот за иницијативата, но нема да се брза со продолжување на договорот. Фудбалерот веќе има добри услови, долгорочен договор (до летото 2027 година), па ќе почека за да разговара за иднината.

На 11 натпревари во Ла Лига оваа сезона, Винисиус постигна пет гола и креира четири асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан