• четврток, 26 декември 2024

РЕК Битола: Блокот 3 се санира по пожарот, коментарите од неинформирани лица се несериозни

РЕК Битола: Блокот 3 се санира по пожарот, коментарите од неинформирани лица се несериозни
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - РЕК Битола  информира дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2 и дека сè уште и во континуитет преземаат активности за санација на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожар на 5 ноември 2021. - Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет, соопшти АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола. Во соопштението, РЕК Битола ги оценува како „несериозни и злонамерни“ намерите да се коментираат состојбите во комбинатот од, како што наведува, „лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3“. - Навистина, со техниката, особено во енергетиката, нема играње, поради што сме убедени дека конечно ќе запрат паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, пишува во соопштението на РЕК Битола. хс/лв/

Остани поврзан