Рекордни 76,5 милиони долари награден фонд на Австралија опен
- Висината на наградниот фонд на Австралија опен во 2023 година ќе биде рекордна, објави официјалниот сајт на турнирот. Вкупниот награден фонд ќе биде 76,5 милиони долари.

Мелбрун, 29 декември 2022 (МИА) - Висината на наградниот фонд на Австралија опен во 2023 година ќе биде рекордна, објави официјалниот сајт на турнирот. Вкупниот награден фонд ќе биде 76,5 милиони долари.
Сумата е зголемена за 3,4 отсто во однос на лани.
Шампионите во женски и машки сингл ќе заработат по 2,975 милиони долари.
Победниците во машки двојки ќе добијат 695 илјади долари за двајца, исто толку ќе добијат и жените.
Шампионите во мешани двојки ќе заработат 157.750 долари.
Австралија опен ќе се одржи од 16 до 29 јануари 2023 година во Мелбурн. зс/