• сабота, 23 ноември 2024

Рекордни температури во Канбера, пожарите се уште активни

Рекордни температури во Канбера, пожарите се уште активни
Канбера, 2 февруари 2020 (МИА) - Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба. - Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година. Исто така е трета највисока температура забележана во градот, објави на Твитер метеорологот на Метео Франс, Етјен Капикијан. Во текот на ноќта во југоисточниот дел на Австралија се уништени десетина домови, а постои опасност од голем пожар во јужниот дел на Канбера и околното место Тарв. Во пожарите изгореа 55.000 хектари шума и земјоделско земјиште. Жителите кои се во близина на главното жариште се предупредени. - Утрово пожарите се сè уште активни. Пред нас се денови, а можеби и недели за гасење на пожарите, рече еден официјален претставник, додавајќи дека вонредната состојба ќе остане во сила барем до понеделник. паг/

Остани поврзан