• петок, 06 март 2026

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

 

Лахти, 6 март 2026 (МИА) – Словенката Ника Превц доминираше денеска на скокалницата во Лахти, обезбедувајќи ја својата 16 победа сезонава со што постави нов рекорд во Светскиот куп во скијачки скокови во женска конкуренција.

Дваесетгодишната Превц ја повтори доминацијата од вчерашниот ден и дојде до вториот триумф во Лахти со убедлива предност пред двократната олимписка шампионка Ана Одине Стром од Норвешка и Јапонката Нозоми Марујама.

Со својата 16. сезонска победа, Превц ја надмина Јапонката Сара Таканаши, која претходно го држеше рекордот со 15 победи во сезоната 2013/14.

Превц во четвртокот ја обезбеди својата трета последователна победа во Светскиот куп, што претходно им успеа само на Полјакот Адам Малиш (2001 до 2003 година) и на Норвежанката Марен Лундби, која беше најдобра од 2018 до 2020 година.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан