• среда, 25 декември 2024

Рекорден број пријавени за домашно гласање во Кичево, Македонски Брод и Пласница

Рекорден број пријавени за домашно гласање во Кичево, Македонски Брод и Пласница
Кичево 10 октомври 2021 (МИА) - Од општинските изборни комисии во Кичево, Македонски Брод и Пласница информираат дека се пристигнати рекорден број барања на болни и изнемоштени лица кои треба да гласаат на претстојните избори. - За претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври, во нашата комисија примени се 120 барања на граѓани од нашата општина, болни и изнемоштени, кои побараа да гласаат во домашни услови. Во текот на утрешниот ден темелно ќе биде разгледана целосната документација и тогаш ќе може и официјално да потврдиме колкав ќе биде фактичкиот број на лица кои ќе гласаат во домашни услови, изјави Лена Милошеска од ОИК за Македонски Брод. Во Општина Кичево до ОИК се поднесени 352 барања за гласање на болни и изнемоштени лица. - До Општинската изборна комисија поднесени се вкупно 352 барања на лица болни и изнемоштени, кои побараа да гласаат во домашни услови. Комисијата во текот на утрешниот ден ќе изврши проверка на документите поднесени од овие лица, по што ќе бидеме сигурни колкав е нивниот официјален број. Гласањето во домашни услови на болни и изнемоштени лица ќе се спроведе ден пред изборите, а ќе го спроведат избирачките одбори во дотичните избирачки места од каде е и адресата на подносителите, нагласи Нули Станкоска од ОИК за Општина Кичево. Бројот на пријавени лица во општина Пласница е 79 лица. По проверката што ќе биде извршена во текот на утрешниот ден, ќе биде официјализирана бројката на лица кои ќе гласаат во своите домови. за/мс/  

Остани поврзан