Реконструкција на улица „АСНОМ“ и изградба на атмосферска канализација во Општина Могила
- Во рамки на проект за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Могила ќе го реализира проектот „Реконструкција на улица „АСНОМ“ и изградба на атмосферска канализација во општина Могила“.

Могила, 22 јануари 2025 (МИА) - Во рамки на проект за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Могила ќе го реализира проектот „Реконструкција на улица „АСНОМ“ и изградба на атмосферска канализација во општина Могила“.
Улицата АСНОМ во Могила е со должина од 409 метри и е позиционирана во станбена зона од населено место преку која жителите се поврзуваат со останатата сообраќајна мрежа во тој регион, информираа од кабинетот на градоначалникот на Општина Могила, Драган Саботковски.
- На улицата се одвива двонасочен сообраќај по асфалт кој е во лоша состојба. Ширината на коловозот е променлива од околу 3 до 3,5 метри и не постојат тротоари, а тоа ги принудува пешаците да се движат по коловозот со што е нарушена нивната безнедност. Со реализација на овој проект во населеното место Могила ќе се придонесе за полесно поврзување на жителите со останатите населени места во општината, информираа од тамошната локална самоуправа.
Со новиот профил, улицата АСНОМ ќе биде широка 6 местри од кои 4,5 се коловоз и 1,5 метри тротоар од едната страна на улицата. Согласно рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка, за проектот подготвен е документ „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализираат влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на проектот.
Документот „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид и коментарите може да се доставуваат до 3 февруари, нагласија од Општина Могила.мт/
Фото: МИА