• четврток, 26 декември 2024

Реконструкција на кров и поставување фотоволтаици на штипското медицинско училиште

Реконструкција на кров и поставување фотоволтаици на штипското медицинско училиште

Штип, 12 декември 2023 (МИА) - Почна реконструкција на кровот на штипското средно медицинско училиште СОУ „Јане Сандански“, а во наредна фаза е поставување фотоволтаични панели. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов при денешниот увид во градежните работи истакна дека со инвестиција вредна над пет милиони денари се работи на заштеда на електрична енергија.

Фотоволтаици веќе се поставени на кровот на Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“, а до крајот на годината ваков проект треба да започне и во Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“.

-Станува збор за проект за поставување фотоволтаични панели, а онаму каде што има потреба и за реконструкција. Веќе се врши замена на дотраената кровна контрукција, а подоцна и поставување на фотоволтаици. Вкупната инвестиција е 5.5 милиони денари само во ова училиште. Поставени се фотоволтаици во ООУ „Тошо Арсов“, а ќе се постават и во СОУ „Коле Нехтенин“, изјави Јорданов.

Помали сметки за струја, но и комплетно нов изглед на училиштето и подобри услови за учениците е исходот од проектите во ова училиште. Директорката на СОУ „Јане Сандански“, Марија Николиќ посочи дека во наредна фаза ќе се работи и на фасадата.

-Се надеваме дека со овој проект ќе овозможиме заштеда на училиштето за сметки за струја. Во следна фаза ќе се промени и фасадата, рече Николиќ.

Реконтрукцијата на кровната конструкција и поставување фотоволтаични панели е преку проектот „Сончеви училишта“ финансиран преку фондацијата Отворено општество за Западен Балкан. вдј /цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан