• петок, 23 август 2024

Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на општина Илинден. Деновиве е отпочната реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци, информираат од Општината.  

Во рамки на реконструкцијата целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Бујковци. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски извршил увид во почетокот на работните активности на фудбалското игралиште, пришто истакна дека со реконструкцијата на игралиштето младите и од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време. Тој додал дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. 

Во наредниот период Општина Илинден, како што најавуваат оттаму, ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината. сст/мд/

фото Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан