• вторник, 23 јули 2024

Реконструкција на главната улица во Бунарџик во Општина Илинден

Реконструкција на главната улица во Бунарџик во Општина Илинден

Скопје, 21 ноември 2023 (МИА) - Општина Илинден почна со градежни активности за целосна реконструкција на главната улица во населеното место Бунарџик, информираат од општината.

- Со градежните активности кои се во тек се врши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 500 метри, како и изградба на отворени одводни канали кои ќе ја зафатат атмосферската вода од локалната улица. Дополнително на неколку локации на патот ќе бидат поставени цевкасти пропусти се со цел да се одведе површинската и високото ниво на подземни води, известуваат од локалната самоуправа.

Од општина Илинден истакнуваат дека таа улица е од големо значење за жителите на населеното место Бунарџик, бидејќи ги поврзува подрачното основно училиште „Ристо Крле“, Домот на култура со детското игралиште, како и централното игралиште за мал фудбал.

Средствата за реализација на овие активности се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден и истите треба да бидат завршени до крајот на месец ноември. ир

 

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан