• петок, 05 декември 2025

Реконструкција во основното училиште „Илинден" - Крива Паланка, набавени и нови лаптопи

Реконструкција во основното училиште „Илинден
Крива Паланка, 31 октомври 2020 (МИА)  - Во подрачниот објект на Основното училиште „Илинден" во селото Мождивњак, Крива Паланка, во тек е реконструкција на оградата во школскиот двор и влезната врата, а деновиве се направени повеќе реконструктивни зафати.
- Оваа недела интензивно се реализираат градежни активности во училишниот двор во објектот "Мождивњак 1", лоциран покрај магистралата А2. Тука е извршена замена на влезните врати, а се гради оградата на дворот, која беше руинирана и по долг временски период беше нефункционална. Покрај тоа во овој објект се извршени и молерофарбарски работи, а сите активности се спроведуваат со сопствени буџетски средства од блок-дотациите на училиштето, изјави директорката на ООУ „Илинден", Марица Николовска.
Таа рече дека во овој објект се реализира настава со физичко присуство,а ја следат вкупно 85 ученици од прво до деветто одделение. Настава со физичко присуство се спроведува и во вториот објект на подрачното училиште во селото Мождивњак и во село Конопница.
- Сите училишни објекти се опремени со потребните дезинфекциски средства, се е обележано согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 и засега нема никакви проблеми во овој домен. Изработени се и информативни флаери, плакати и лифлети за постојано информирање и потсетување на учениците за одржување хигиена и дистанца, истакна Николовска.
Директорката информира дека набавени се и нови тринаесет лаптоп компјутери за потребите за реализација на наставата, а се планира, согласно расположливите средства и дополна на техничките ресурси на ООУ „Илинден".ид/фф/

Остани поврзан