• петок, 26 јули 2024

Реконструирано училиштето во кавадаречко Сопот

Реконструирано училиштето во кавадаречко Сопот
Кавадарци, 2 јуни 2022 (МИА) - Заврши реконструкцијата на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ - Кавадарци, подрачно училиште во село Сопот, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. - Се извршија градежни активности кои опфатија целосно реновирање на училиштето, поставување на нов под во сите училници, нови врати, реконструкција на ѕидови, плафони и ходници во училиштето. Комплетно е променета цела електрична инсталација и поставено е ново енергетскo ефикасно осветлување, како и изградени се нови тоалети и тоалети за лица со посебни потреби, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Направена е целосна реконструкција на подрумските простории на училиштето. - Со ова, учениците во село Сопот ќе добијат современо, енергетски ефикасно училиште, во кое се остварува воспитно образовен процес, согласно најсовремените стандарди, нагласија од кабинетот на Јанчев. свд/мс/

Остани поврзан