Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци
- Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.

Демир Капија, 14 септември 2023 (МИА) - Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
- Со почетокот на новата учебна година, завршија градежните активности во подрачното училиште. Поставена е нова термоизолациона фасада на училишната зграда, изработена е нова стреа, поставени се нови олуци и метални штитници на прозорците, како и настрешница на влезот на училиштето, соопшти градоначалникот.
Тој појасни дека со реализацијата на овој проект, кој е целосно финансиран од буџетот на училиштето, значително се подобрува енергетската ефикасност на објектот, а со тоа и условите за реализација на воспитно-образовниот процес во Бистренци.
Во текот на летниот период беше извршена и реконструкција на кровот на училиштето, а набавен е и нов училишен инвентар. свд/
Фото : фејсбук на градоначалникот Лазар Петров