• петок, 26 јули 2024

Редовно сезонско чистење канали за наводнување в среда и четврток во Тиквешко

Редовно сезонско чистење канали за наводнување в среда и четврток во Тиквешко

Кавадарци, 8 јули 2024 (МИА) - Редовно сезонско чистење на каналите за наводнување ќе се реализира во среда и во четврток во Тиквешко, информираа попладнево од подружницата „Тиквеш“, на акционерското друштво „Водостопанство“.  

- Подружница „Тиквеш“ - Кавадарци ги известува водокорисниците дека поради редовно сезонско чистење на каналската мрежа од присуство на алги, треви и друга вегетеција, овие два дена нема да се извршува снабдување со вода за наводнување на земјоделските површини и култури од хидромелиоративниот систем „Тиквеш“, соопштија од подружницата на „Водостопанство“. 

Оттаму посочија дека снабдувањето со вода ќе продолжи од петок. Притоа, за подетални информации, ги упатија водокорисниците да се обратат во подружницата, кај одговорните лица. свд/бд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан