• сабота, 23 ноември 2024

Реднап го советува Кејн да не оди во Манчестер јунајтед

Реднап го советува Кејн да не оди во Манчестер јунајтед
Лондон, 15 април 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, се противи на идејата напаѓачот на „Спарс“, Хари Кејн да се пресели во Манчестер јунајтед. - Кејн не е Меси или Роналдо, но во моментот нема централен напаѓач во светот подобар од него. Тој би бил совршен за Манчестер Јунајтед, како и секој друг тим, но ми се чини дека „црвените ѓаволи“ сега не се подобри од Тотенхем. Не би рекол дека постои јаз меѓу клубовите, двата сакаат да влезат во првите четири во Премиер лигата. Мислам дека Кејн треба да ги разгледа предлозите на Реал Мадрид или Барселона, доколку пристигнат во вистински момент, изјави Реднап. Кејн има 17 голови и две асистенции на 25 натпревари за Тотенхем во сезоната 2019/20. зс/

Остани поврзан