• понеделник, 23 декември 2024

Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба

Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба
Скопје, 22 мај 2020 (МИА) - Уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која денеска ја усвои Владата. Согласно Уредбата треба да се постават соодветни ознаки со кои ќе се обележи правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице. Трговецот треба да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време. ир/скс/

Остани поврзан