Регионална обука во рамките на проектот „Балкански бизнис-жени“
- Во рамки на Проектот „Балканска женска коалиција“, (Balkan women coalition), од денеска до сабота во Скопје ќе се одржи ТОТ Обуки на претставниците на Балкански држави.
![Регионална обука во рамките на проектот „Балкански бизнис-жени“](https://mia.mk/index.php/images/20221112145518_big_730x400_55.webp )
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Во рамки на Проектот „Балканска женска коалиција“, од денеска до сабота во Скопје ќе се одржи ТОТ Обуки на претставниците на балкански држави.
Како што информираат организаторите, темата на проектот е „Социјалното претприемништво“ и има за цел да постигне одредени резултати во совладување на предизвиците на овој дел на женско претприемништво во целост, а во него се вклучени, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Турција и Црна Гора.
Обуките ќе бидат во насока на обучување на тренери од сите и за сите земји учеснички на овој Проект, со неколку цели од кои како да се спроведуваат бизнис идеите, како да се организираат во светот на претприемништвото со крајна, поголема економска независност на жените и насочување кон отварање на социјални претпријатија.
Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на ЕУ од 2020 до 2022 година, и во него се вклучени повеќе сегменти на женското претприемништво, што е социјално претприемништво и како да се стане претпремач. свс/сп/