• среда, 27 ноември 2024

Ревија на етнолошки документарен филм во Музејот на Северна Македонија

Ревија на етнолошки документарен филм во Музејот на Северна Македонија

Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Во Музејот на Северна Македонија денеска со ревијата на етнолошки документарен филм ќе биде означен почетокот на Европските денови на културното наследство 2023.

Ќе бидат прикажани филмовите: „Семејството Адемови“ на авторката Елизабета Конеска, „Голубарот“ од авторката Надица Петковиќ, „Самовилска вода“ на авторот Владимир Боцев и „Гатачката“ на Валентина Илиевска. 

Филмовите се во продукција на Музејот на РС Македонија и НУ Музеј Куманово. Тие соодветствуваат со темата на годинашното издание на манифестацијата во нашата земја „Живо наследство, која е прифатена како мото во повеќе европски држави.

Предвидено е активностите во рамки на манифестацијата да се организираат во периодот од 22 до 28 септември 2023 година. Во програмата ќе земат учество 17 институции и невладини организации од 11 градови и села во нашата држава. мд/аа/

Остани поврзан