• среда, 25 декември 2024

Ребиќ се врати на тренинзите и ќе може да му помогне на Милан на дербито со Интер

Ребиќ се врати на тренинзите и ќе може да му помогне на Милан на дербито со Интер
Милано, 6 ноември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ закрепна од повредата и почна да тренира во општата група, пренесува „Фудбал Италија“. Според италијанскиот медиум, 28-годишниот Хрват ќе може да му помогне на својот тим во натпреварот од 12. коло на Серија А против градскиот ривал Интер, кој ќе се одигра утревечер со почеток во 20:45 часот. Во тековната сезона, Ребиќ одигра 10 натпревари за Милан, постигнувајќи два гола и две асистенции. По 11.кола, Милан е на делба на првата позиција на табелата со Наполи со по 31 бод, Интер е трет со 24. зс/

Остани поврзан