Реал ја победи Жирона, Миовски играше 58 минути
- Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски одигра 58 минути синоќа во натпреварот со Реал на домашен терен.

Жирона, 8 декември 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски одигра 58 минути синоќа во натпреварот со Реал на домашен терен.
Гостите победија со убедливи 3:0, во натпреварот од 16. коло на шпанското првенство.
Стрелци беа Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Килијан Мбапе.
По овој натпревар, Реал е на второто место во поредокот со 36 бодови, два помалку од водечката Барселона, која има и натпревар повеќе.
Жирона е на осмото место со 22 бода. зс/
Фото: ЕПА