Реал, ПСЖ и Борусија Дортмунд осминафиналисти во Лигата на шампиони
- Фудбалерите на Реал Мадрид, ПСЖ и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва место во жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони која е закажана за в петок напладне.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид, ПСЖ и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва место во жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони која е закажана за в петок напладне.
Мадридски Реал по триумфот на гостински терен од 3-2 ја потврди доминацијата над Манчестер сити, совладувајќи го пред своите гледачи англискиот шампион со 3-1 и со вкупен резултат од 6-3 обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното клупско натпреварување.
Во француската пресметка, ПСЖ убедливо го совлада на домашен терен Брест со 7-0, откако триумфираше и на првиот натпревар со 1-0.
Настапот во Лигата на шампиони го продолжува Борусија Дортмунд, откако вечерва одигра без голови на домашен терен против Спортинг и ја зачува предноста од 3-0 која германскиот тим ја стекна на гостувањето во Лисабон. ег
ФОТО: УЕФА/Лига на шампиони/Фејсбук