• вторник, 19 ноември 2024

Реал по 11. пат европски кошаркарски шампион

Реал по 11. пат европски кошаркарски шампион

Каунас, 21 мај 2023 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид вечерва во Каунас го победи Олимпијакос со 79:78 и по 11-ти пат се искачи на европскиот кошаркарски трон.

 

Финалето на Евролигата беше неизвесно до самиот крај. Реал во последната минута со серија од 5:0 од негатива од четири поени дојде до триумф. Во завршницата Серхио Родригез постигна тројка, а потоа на 3,2 секунди пред крајот Серхио Љуљ ги постигна своите први поени кои се покажаа решавачки. Грчкиот тим преку Костас Слукас не го реализира последниот напад.

 

Саша Везенков со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, воедно и на натпреварот. Родригез кај Реал се истакна со 15 поени и девет асистенции.

 

Претходно во текот на денот во натпреварот за 3. место, Монако ја победи Барселона со 78:66. Најефикасен играч на натпреварот беше Никола Миротиќ од Барселона со 15 поени. Кошаркарот на Монако, Метју Стразел постигна 14 поени. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан