• четврток, 26 декември 2024

Реал на лето ќе се ослободува од шест фудбалери

Реал на лето ќе се ослободува од шест фудбалери
Мадрид, 8 ноември 2021 (МИА) - На крајот на сезоната, Реал Мадрид може да се раздели со шест фудбалери одеднаш, чиј понатамошен престој во клубот се смета за економски неоправдан. Како што пренесува „Ас“ станува збор за напаѓачот Лука Јовиќ, дефанзивците Марсело и Хесус Ваљехо, играчите од средниот ред Герет Бејл, Иско и можеби Еден Азар, во кој Реал Мадрид и покрај повредите сè  уште верува. Според изворот, доколку сите овие играчи си заминат, тогаш Реал ќе заштеди 54 милиони евра нето плати за годината, а тоа ќе им овозможи да потпише со напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и да го обнови договорот со Винисиус. Азар и Бејл добиваат по 15 милиони евра по сезона, Иско и Марсело - по 8 милиони, Јовиќ - 5 милиони, Ваљехо - 3 милиони (само голманот Андреј Лунин заработува помалку од него во Реал Мадрид). Во исто време, Иско, Марсело и Бејл на крајот од сезоната можат да станат слободни агенти. зс/

Тагови

Остани поврзан