• петок, 05 декември 2025

Реал најмалку три недели без повредениот Менди

Реал најмалку три недели без повредениот Менди


Мадрид, 2 декември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, го повреди мускулот на десната нога, објави денеска шпанскиот клуб.
Реал Мадрид во своето соопштение наведе дека Менди претрпел „повреда на бицепс-феморис мускулот на десната нога“.
Инсајдерот Фабрицио Романо објави дека францускиот дефанзивец ќе отсуствува од теренот најмалку три недели.
Менди го имаше својот единствен настап за Реал Мадрид оваа сезона на 26 ноември, во натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпијакос.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан