• вторник, 20 август 2024

Реал Мадрид ја одби понудата од 100 милиони евра за Милитао

Реал Мадрид ја одби понудата од 100 милиони евра за Милитао

Мадрид, 18 август 2024 (МИА) - Реал Мадрид не се согласи да го продаде дефанзивецот Едер Милитао.

Според „Goal“, мадридскиот клуб ја одбил понудата од Саудиска Арабија вредна повеќе од 100 милиони евра за 26-годишниот играч.

Бразилскиот фудбалер игра за Реал Мадрид од 2019 година. За тоа време Милитао одигра 156 натпревари, постигна 11 голови и 5 асистенции. Неговиот договор е до летото 2028 година. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан