• понеделник, 23 декември 2024

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Реал Мадрид реши да купи нов голман по катастрофалниот пораз од Барселона

Мадрид, 28 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да купи нов голман по поразот од Барселона (0:4) во 11. коло од шпанската Ла Лига, пренесува „Realmadridexclusivo“.

Поради повреда на Тибо Куртоа, на Ел класико бранеше Андреј Лунин.

Според изворот, поради неуспешниот исход на натпреварот, Перез решил да се здобие со нов голман. Голманот на Лил, Лука Шевалие, наводно е еден од кандидатите. 

Реал Мадрид е втор во Примера со 24 бода по 11 кола. Тимот на Карло Анчелоти заостанува шест бода зад Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан