• недела, 13 октомври 2024

Реал и натаму со најголем потрошувачки лимит во Ла Лига

Реал и натаму со најголем потрошувачки лимит во Ла Лига


Мадрид, 12 септември 2024 (МИА) – Фудбалскиот клуб Реал Мадрид по завршувањето на летниот преоден рок остана тимот со највисока граница на трошење во шпанската Ла Лига, додека Барселона е на второто место, објави денеска лигата.
Лигата денеска ја објави границата на трошоците за секој тим, а максималната вредност на Реал Мадрид достигна 755 милиони евра, наспроти 727 милиони евра како досега.
Лимитот на Барселона речиси двојно се зголеми, скокајќи од 204 милиони евра по зимскиот преоден рок на 462 милиони евра.
Атлетико Мадрид е на третото место со најголема граница на трошење од 310 милиони евра.
Ограничувањето на трошоците го претставува максималниот износ што секој клуб може да го потроши за играчи, тренери и друг персонал. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан