Реал и Наполи со голем исчекор кон четвртфиналето во ЛШ
- Екипите на Реал Мадрид и на Наполи се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва во првите натпревари од осминафиналето забележаа гостински победа.

Ливерпул, 21 февруари 2023 (МИА) – Екипите на Реал Мадрид и на Наполи се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва во првите натпревари од осминафиналето забележаа гостински победа.
Реал славеше против Ливерпул со 5:2, иако домаќините во 14. минута водеа со 2:0. Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњез и Мохамед Салах, за „Кралевите“ Винисису Жуниор и Карим Бензема постигнаа по два гола, еднаш погоди Едер Милитао.
Наполи исто така победи на гости против Ајнтрахт Франкфурт (2:0). Стрелци на погодоците беа Осимен и Ди Лоренцо.
Реваншите ќе се играат на 15 март во Мадрид и во Неапол. зс/
Фото: ЕПА