• сабота, 31 август 2024

Реал загуби еден од најдобрите фудбалери

Реал загуби еден од најдобрите фудбалери
Мадрид, 10 јули 2020 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има многу проблеми пред крајот на сезоната, каде во моментот имаат предност од четири бода во однос на Барселона во шпанскиот шампионат. Еден Азар е повреден, Лука Јовиќ е отпишан, бидејќи бил во контакт со лице кое било заразено со коронавирусот, па затоа мора да помине во самоизолација, додека сега е откриено дека и Марсело исто така се здобил со повреда. Бразилецот го повредил левиот бут и ќе мора да одмора најмалку 20 дена, практично до крајот на сезоната.

Тагови

Остани поврзан