• среда, 25 декември 2024

Реал го скри резултатот од нивната единствена контрола

Реал го скри резултатот од нивната единствена контрола
Мадрид, 15 септември, 2020 (МИА) - Шпанскиот шампион Реал Мадрид го победи Хетафе во единствениот предсезонски тест, но одби да го открие точниот резултат. Спарингот се играше попладнево во базата на мадриѓани зад затворени врати. „Белите“ не објавија ниту на кои играчи се потпреле на овој натпревар, а гостите објавија информации само за нивните стартери, по што едвај на крајот признаа дека изгубиле. Според „Марка“, Реал победил со 6-0 по четири гола на Карим Бензема и по еден на Серхио Рамос и тинејџерот Серхио Калво. Пред една недела, тимот на Зинедин Зидан мораше да се сретне со Рајо Ваљекано, но контролата беше откажана поради сомневања за противнички фудбалер со коронавирус. Реал ја започна одбраната на титулата во Примера во неделата навечер со гостувањето кај Реал Сосиедад. Тимот го пропушти првото коло откако доби еднонеделно одложување за учеството во Лигата на шампионите во август. Во ова прво коло, Реал мораше да се сретне со Хетафе, а натпреварот беше одложен.

Тагови

Остани поврзан